Оваа идеја ја претстави првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино, а за неа зборуваше и Арсен Венгер.

На состанокот во Нион претставниците на Европските лиги изјавија дека се против Светското првенство да се игра на секои две години, а се очекува Европската клупска асоцијација (ЕЦА) да го одбие овој предлог.

„Фудбалските лиги ќе спречат фудбалските управни тела да донесат еднострана одлука која ќе наштети на домашните натпреварувања и кој се темели на фудбалската индустрија“, стои во дел од соопштението од Европската лига.

Претходно на оваа идеја на ФИФА се спротистави и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.