Во цела држава изутрина во седум часот се регистрирани минусни температури. Најстудено е во Берово, каде се регистрирани – 13 степени, по што следат со -10 Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, – 9 Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија и Попова Шапка, -8 Тетово, Прилеп и Струмица, -7 Крушево и Виница, -6 Скопје-Зајчев Рид, Охрид и Претор, -5 во Гевгелија и Куманово, -2 во Дојран.

На Попова Шапка има 50 сантиметри снег, 18 во Маврови Анови, три во Крушево и две во Ѓуриште.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.