Минусни температури утрово во 7.30 часот се измерени на Попова Шапка (-7), во Маврови Анови (-5), Крива Паланка и Kрушево (-3), Охрид (-2) и во Претор (-1).
Нула степени се измерени во Тетово, Битола, Струмица, Берово и Дебар, 1 степен во Скопје-Петровец и Демир Капија, 2 во Прилеп, Штип, Виница и Куманово, 4 степени во Скопје-Зајчев Рид, 5 сетепни во Дојран и 7 во Гевгелија.
До 7 часот највисока снежна покривка има на Попова Шапка (17 сантиметри) и 3 сантиметри во Маврови Анови.
УХМР за денеска прогнозира сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието, повремено со брзина над 60 километри на час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.