Најстудено утрово е на Попова Шапка каде што се измерени -14 степени, во Маврово е -12, Крушево – 10, Берово и Крива Паланка -7, Битола и Охрид -6, Прилеп – 5, Штип и Демир Капија -4, Струмица и Куманово – 3, Скопје и Тетово -2, Гевгелија -1 и во Дојран нула степени. УХМР информира и дека на Попова Шапка има 64 сантиметри снег, во Крушево 62, а во Маврово снежната покривка е 52 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 3 степени.