Најстудено утрово е во Берово каде што температурата е 7 степени под нулата. Како што информира УХМР, минусни температури во 7.30 часот се измерени и во Маврово (-6), Битола (-5), Крива Паланка, Тетово и Струмица (-4), Скопје-Петровец, Прилеп, Штип и Демир Капија (-3), Охрид, Куманово и Претор (-2) и Скопје-Зајчев Рид и Крушево (-1).

Нула степени се измерени во Виница и на Попова Шапка, 2 во Гевгелија и 4 степени во Дојран.

Највисока снежна покривка, 37 сантиметри, утрово е измерена во Маврови Анови, на Попова Шапка 25 сантиметри, 20 см во Крушево, 4 во Ѓуриште, 6 во Битола и 2 сантиметра снег во Берово.

Времето денеска ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево и тивко, со максимална температура до 13 степени.