Утрово до седум часот во Берово беше најстудено, – 5 степени. Во Скопје-Петровец се измерени -4 , -3 во Битола, Демир Капија и Струмица, -2 во Kрива Паланка и Тетово, -1 во Претор, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Дебар и Куманово, 0 во Охрид, 1 Попова Шапка, 2 Крушево, Виница и 4 степени во Дојран.
Најмногу снег има на Попова Шапка, 24 сантиметри, додека во Крушево снежната покривка е три сантиметри.
Според УХМР, претпладнево времето че биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 степен.
Во Скопје претпладне сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.