Променливо облачно со магла и локални врнежи

Утринските температури денеска покажаа значителен студ низ земјата, најниска е измерена во Берово со -4 степени. Попова Шапка и Крива Паланка следат со -3 степени, додека во Пожаране и Тетово се измерени -2, а во Скопје-Петровец, Тополчани и Маврови Анови -1. На повеќе места, вклучувајќи Велес, Битола и Прилеп, термометрите покажаа 0 степени, додека најтопло беше во Струмица со 3 степени.

Според УХМР, највисока снежна покривка утринава има на Попова Шапка – 30 сантиметри, 11 сантиметри во Маврови Анови и 4 сантиметри во Крушево.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со магла во претпладневните часови, а попладне се очекуваат сончеви периоди. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 8 до 12 степени, а во Скопје ќе достигне до 7 степени.