Утринава најстудено било во Попова Шапка каде се измерени -5 степени.
По Попова Шапка следуваат и -4 Маврово -2 Крушево, -1 Kрива Паланка, Битола, Берово, 0 Скопје-Петровец, 1 Прилеп, Тетово, Претор, 2 Дебар, Охрид, Штип, Скопје-Зајчев Рид, Виница, Струмица, Куманово, 3 Гевгелија, 4 Демир Капија, Дојран.
Најголема снежна покривка има во Маврови Анови каде се измерени 29 сантиметри, потоа Попова Шапка 20 сантиметри – 13 сантиметри Крушево, 8 сантиметри Пожаране, 7 сантиметри Лазарополе, 2 сантиметри К.Паланка, Ѓуриште, Берово.
Времето во текот на ноќта и изутрина ќе биде претежно облачно, во втората половина од ноќта и во утринските часови со слаби локални врнежи од дожд, на повисоките места и на планините со повремен локален снег. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.