Намален бројот на хоспитализрани пациенти со коронавирусот во Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Според извештајот на портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска во последните 24 часа новопримени се четири лица, оздравени нема.
Вкупниот бројот на хоспиталиизрани на Инфективното одделение е 24, од кои 20 имаат потреба од кислородна поддршка. Вакцинирани се четири лица, а слободни се 39 болнички кревети.
За разлика од минатата недела во општините од источниот регион забележан е и пад на бројот на активни ковид случаи. Во 11 општини од Брегалничкиот регион има 119 лица кои се заразени со коронавирсот, најмногу во Штип 57, во Кочани 31 и во Делчево 15. Во останатите општини бројката е едноцифрена и се движи од пет до два активни случаи.