Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021, е помал за 1.5 прценти. Во периодот јануари – јуни годинава, пак, во споредба со првото полугодие лани намалуањето 1.9 отсто

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање од 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 1.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.2 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.8 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 %, Капитални производи за 2.5 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2.5 %.