Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека нема опасност и од поплавување на бунарите, од кои градот се снабдува со вода за пиење. Синоќа екипите на штипските јавни претпријатија ја следеа состојбата со реката Брегалница и дали ќе има потреба од заштита на објекти со вреќи со песок.
Водостојот не се зголеми и поради врнежите од снег, кои интензивно паѓаше во текот на ноќта. Јорданов вели дека проблеми со улиците немаат, граѓаните возат по чисти коловози. Рано утринава жители на село Селце побарале помош за отсртанување на снежните наноси и интервенција на патот, од страна на ЈП Македонија пат е излезено на терен.