Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за 14 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,61 метар и е 11 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е повисок од просечниот и тоа за 2,67 метри.

Нивоата кај најголем дел од реките во земјава, пак, се во рамките на просекот и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера.