Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,62 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е 12 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри и е на два сантиметра над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за овој месец.
Нивоата на реките во земјава се најчесто во рамките на просекот и кај речиси сите има благо намалување или се на истото ниво како вчера. Исклучок се реките Струмица на мерното место кај Ново Село и Црн Дрим кај Ложани каде водостојот е малку повисок од вчерашниот.