Со тоа, според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,59 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е девет сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри со што е два сантиметра над дозволениот минимум 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просечниот.

Водостоите на реките во земјава се најчесто во рамките на просекот и бележат благо зголемување или намалување во споредба со вчера