Повеќе од двојно е пониско нивото на Вардар на мерното место кај Јегуновце.

На останатите три мерни места водостојот на реката е блиску до просечниот, покажуваат резултатите од последното мерење направено од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, нивоата на повеќето реки во земјава се повисоки од вчера иако кај најголем дел се пониски од повеќегодишниот просек за февруари. Исклучок е реката Струмица на мерното место кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот.

Повисоко ниво од просечното и тоа за 2,88 метри има и Дојранското Езеро, додека водостоите на Охридското и Преспанското Езеро се пониски од просечните. Нивото на Охридското Езеро е за 12 сантиметри пониско од просечното, а кај Преспанското е пониско за 1,62 метра и е на два сантиметра под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).