Намалена видливост од 30 до 50 метри е регистрирана на патниот правец Лисец – Попова Шапка, како и во Крушево и на планинскиот превој Плетвар, соопшти ЈП „Македонијапат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите се влажни, поради што возачите треба да ја прилагодат брзината според условите. Од претпријатието додаваат дека сите патни правци низ државата се проодни.
Внимание на усеци и клисури
На одредени делници, особено оние што минуваат низ усеци и клисури, можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да возат со зголемено внимание.
Дежурните екипи на претпријатието се на терен и постојано ги одржуваат патните правци проодни, се додава во соопштението.
