Попова Шапка снег, Плетвар и Стража со магла
Возењето по државните патишта денеска се одвива во зимски услови, иако коловозите се претежно суви. Слаби врнежи од снег се забележани само на Попова Шапка, каде нема задржување на коловозот. Магла со намалена видливост до 150 метри е присутна на планинските премини Плетвар и Стража, информираат од ЈП Македонијапат.
„Сите патни правци се проодни, но на одредени делови кои минуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони,“ посочуваат од јавната институција.
Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.
