Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Ѓавато, од 20 до 30 метри на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка и од 50 до 80 метри на планинскиот премин Стража, соопшти Автомото сојузот.

Сообраќајот на останатите патишта во државава, како што посочуваат, се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево и на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, информираат од АМСМ.