Рецепти и упати се издаваат, но нема да се исплаќаат надоместоци за породилно и други боледување, вработените во Фондот за здравствено осигурување прв пат стапија во штрајк. Причина е владината препорака да им се намалат платите за 21 процент. Ќе штрајкуваат и по цена да не земат плата.
Бараат Владата на утрешната седница, за што веќе пратиле допис до техничкиот премиер, да го разгледа нивното барање. Од синдикатот велат, Фондот за здравство е институција со највисок буџет во земјава и секогаш има пари.
Доколку се исполни намалувањето на платите во Фондот за здравство, околу 500 вработени ќе земат минимална плата, а некои и помала.