Апелациониот суд во Скопје ја уважи жалбата на ОЈО Кавадарци и ја зголеми затворската казна за Илија Панов (44) од 16 на 20 години. Тој беше прогласен за виновен за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова (52), извршено во јануари 2025 година во Кавадарци.

Панов и обвинителството се жалеа на првичната пресуда, но Апелација одлучи казната да биде повисока.

Според обвинението, Серенакова била убиена во нејзиниот дом, а како доказ биле наведени и ДНК-траги од обвинетиот.