Иако минималната плата за месец март ќе изнесува 20.175 денари, а според најавите на властите, истата следната година ќе достигне до 30. 000 денари граѓаните повторно се незадоволни.

Иронично велат дека ваква плата треба да му се даде на еден министер, па да видиме дали ќе го истера месецот. На шега велат дека сега „и Германците ни се љубоморни на платите“.

Очигледно инфлацијата, растот на цените на храната и високите сметки се причина што работниците не се израдуваа на ова покачување бидејќи како што велат не се чувствува.

Ова се дел од коментарите на граѓаните на оваа тема:

-Се се покачи, па сега цените ќе се замрзна. Вие живејте со 20.000 и пензионерите со 12, па ќе кажете како е. Затоа младите бегаат!

– Минимална најмалку треба да изнесува 30.000 денари.

-Нафта, бензин, прехранбени продукти исто така растат. Земјоделието на раб на пропаст е, нема кој да работи. Досега младите се иселуваа, сега почнаа и луѓе фамилијарни од 40 до 55 години да се иселуваат.

-Се шинавте од власта. На потрошувачка кошничка од 51.000 денари, 20.000 денари плата. Алал да ви е!

-И сега можат слободно да ја покачат струјата во јули, водата, комуналиите, и се што им душа сака! Важно кашкавалот држи цена!

– Кое покачување на плата, од една страна демек ти даваат, од друга дупло ти земаат, значи платата ја намалиле!

-За четири-члено семејство потребни се 51.000 денари. Значи треба сите четворица во семејството, и децата, да работат за по 20.000 денари.