Во Прилеп бил пријавен брутален напад – 31-годишна жена во бракоразводна постапка, завршила како жртва на сопругот кој прво ја удрил со автомобил „голф“, а потоа физички ја нападнал. Настанот се случил во петок, 15 август, околу 10:30 часот, во близина на куќата каде што таа престојувала. Според пријавата, сопругот го оштетил и возилото.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека „по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.