Наместо СДС и Данела Арсовска да прават политика од хаосот во град Скопје веднаш да се исплатат заостанатите долгови кон приватните превозници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-=Кога Арсовска има пари за неуспешен пи-ар, тогаш може да најде пари и за превозниците.

Наместо да ги прогласува за криминалци нека седне и нека го реши проблемот.

Што се однесува до политиката која ја прави СДС од целиот овој случај, добро ќе биде да кажат што барала Арсовска на тајна средба со Ковачевски во Владата минатата недела?, прашуваат од партијата и додаваат:

„Зошто молчат за темите на разговорот и нивната полутајна коалиција?

Секој ден Арсовска дава оправдување на потегот да се повлече поддршката за нејзиното погубно водење на градот“.