Нема потреба од вонредна седница, Ковачевски и Арсовска на тајните средби, покрај тендери, нека договорат за народот мерки за почист воздух – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на барањето на СДСМ Град Скопје да оддржи вонредна седница поради проблемот со загаденоста во главниот град.

Според нив сите мерки кои ги има Љубица Јанчева или некој советник од СДС може да му ги даде на Ковачевски, кој е во тајна коалиција со Арсовска, и заради која соработка ВМРО-ДПМНЕ ја повлече поддршката за градоначалничката.

Ковачевски на средбите со Јакимовски и Арсовска, освен тендери може да договори и некоја добра работа за граѓаните како што е почист воздух. Дури и во СДС до сега требаше да сфатат дека нивниот претседател е во коалиција со Арсовска, а плод на истата е и директорот на ЈСП, кадар на СДС, претпријатие преку чие ефикасно делување може да се намали загадувањето.Очигледно е дека во СДС не се знае кој што прави, па Јанчева или го опструира Ковачевски, или тој го опструира цело СДС, може тоа е и плус причина зошто пратениците му бараат избори, а тој бега – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.