Украински беспилотни летала погодија голем петрохемиски комплекс на руска територија. Во нападот биле повредени најмалку три лица, соопшти регионалното министерство за здравство.
Официјалните власти не објавија конкретни детали за тоа кој точно индустриски објект бил цел на ударот. Сепак, видеоснимки од голем пожар масовно се проширија на социјалните мрежи во Русија и во Украина.
Според извештаите од теренот, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекамскнефтехим“, во чиј состав функционира и рафинерија за нафта.
Како последица на оштетувањето на енергетскиот објект што снабдува со електрична енергија и дел од железничката инфраструктура, железничкиот сообраќај во овој реон бил привремено прекинат.
