Напад со остар предмет во Струга – повреден е Д.Н. од Велешта
На 16.08.2025 во 13:43 часот, пред угостителски објект во Струга се случи напад со остар предмет , при што Д.Н. од струшкото село Велешта доби убодни рани по телото.
Повредениот веднаш бил префрлен во Општата болница во Струга, каде му била укажана медицинска помош.
На местото на настанот јавен обвинител и полициски екипи извршија увид. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од полицијата.