Триесет и седумгодишен жител на Скопје пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица во подземна гаража на подрачјето на Центар. Според пријавата, едно од лицата било вооружено со огнено оружје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во СВР Скопје на 14 март во 23:00 часот од страна на И.Т.

Според пријавеното, настанот се случил истиот ден околу 19:00 часот кога тој и неговата сопруга биле пресретнати во подземна гаража од зграда од четири лица. Од нив, едно лице било вооружено со огнено оружје, додека тројца физички го нападнале.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.