Момче пријавило дека било претепано во парк во општина Аеродром – полицијата истражува

Во Скопје ноќеска е пријавен тежок инцидент, откако момче пријавило дека било претепано во парк на подрачјето на општина Аеродром.

Осумнаесетгодишниот М.С. од Скопје околу 03:00 часот се обратил во СВР Скопје, при што изјавил дека е физички нападнат околу 02:00 часот.

Нападот бил извршен од неколку лица, од кои едното му било познато. При инцидентот, според пријавата, бил употребен и метален предмет.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителите.