Прават нарушување на монетарната политика во Македонија. Затоа треба Јавното обвинителство повеќе да му даде третман на целото ова делување на било кој што сака да создава страв, паника и да шири лажни состојби наместо да седне конструктивно да помогне, да се залага за обесштетување на граѓаните и решавање на проблемот.

Безбедносниот аналитичар и поранешен началник, Љубомир Ѓурчевски, гостуваше во новото издание на емисијата каде што детално ги анализираше последните случувања поврзани со финансискиот сектор и политичките препукувања.

„Целта на опозицијата, според оние основи на сомнение кои доаѓаат до мене, е нивно преземање на капиталот на Алта банка, обезвреднет и легализација, некои викаат перење на пари, а јас викам пари стекнати со сторени кривични дела и во организираниот криминал тоа така го третираат. Таа легализација е де факто оние пари од земените провизии, било да е тоа за Преспанскиот договор или договорот со Бугарија, некој некаде сака да ги легализира низ тој банкарски систем затоа што друго не знаат. Тие се „сина крв“ нели, не сакаат да влезат да инвестираат во земјоделие, во машини, електроника… Тоа за нив е низок бизнис. Тие знаат за шверц на стока, шверц на цигари, нафта, банкарски провизии“, рече Ѓурчевски.

Тој потенцираше дека целосно ја разбира крајната намера на опозициските структури и затоа очекува тие постојано и перманентно да упатуваат критики кон институциите.

„Затоа е добро некој, согласно закон да ги спушти на земја, затоа што со нивното делување сторуваат кривични дела против уставното уредување на Република Македонија, со напад врз монетарната политика. Прават нарушување на монетарната политика во Македонија. Затоа треба Јавното обвинителство повеќе да му даде третман на целото ова делување на било кој кој што сака да создава страв, паника, да шири лажни состојби наместо да седне конструктивно да помогне, да се залага за обесштетување на граѓаните и решавање на проблемот“, рече Ѓурчевски.