Две постројки поврзани со нуклеарната програма на Иран се нападнати, но според властите нема испуштање на радиоактивен материјал. Информациите ги објавија иранските државни медиуми.
Исламската новинска агенција ИРНА соопшти дека комплексот за тешка вода Хондаб во северозападниот дел на земјата бил цел на американско-израелски сили. Според официјален претставник од провинцијата Маркази, нема жртви.
Втор напад бил извршен врз постројка за производство на „жолт колач“ (yellowcake) во Ардакан, во провинцијата Јазд. Властите наведуваат дека нема истекување на радиоактивен материјал надвор од локацијата, пренесува новинската агенција Fars News, поврзана со Револуционерната гарда.
