Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив.
– Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот, соопшти Марцинкив на Фејсбук.
– Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв, нагласи тој.
Градот е на околу 114 километри јужно од Лавов, каде беше погодена база што се користеше за воена обука.