Судскиот совет и ставањето на црна листа на Груби и Беџети каде главна мета осомничени се членови и поранешни функционери од ДУИ, го активираше Али Ахмети на политичката сцена.
ОЈО поврдува, Судски совет демантира
Судскиот совет демантира дека во неговите простории е извршен претрес туку дека постапувале по писмени барања на Обвинителството. Од ОЈО потврдуваат дека истражител ги преземал сите списи од Советот во врска со постапките за утврдување на одговорност на судии кои постапувале во предметот „Таргет тврдина“ за кои Артан Груби и судијата Беџети завршија на црната листа на САД.
Мицкоски: Нема да правиме естрада од утврден криминал
Се огласи со краток одговор и премиерот.
Нема да правиме естрада од случаите во кој е утврден криминал – вели премиерот Христијан Мицкоски.
Обелодени дека 10-тици случаи се работат во моментов, потенцирајќи дека земјата мора да се развива во вистински правец.
Ахмети повика на предвремени избори
Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Гостивар побара одржување на предвремени избори, Владата направила блокадата на процесот на европска интеграција и напад врз Охридскиот мировен договор, кој предизвикал тензии во меѓуетничките односи.
Мицкоски му одговори на Ахмети
Мицкоски со одговор дека светот ја видел стратегијата на ДУИ која криминално владеела. Отфрла можност за предвремени парламентарни избори, а тест се локалните избори.
Ако на локалните избори граѓаните ни ја дадат довербата нам, тогаш опозицијата подобро да се сврти кон себе и сопственото партиско реформирање.