Најмалку пет лица загинаа, а 52 се повредени, меѓу кои и шест деца, во руските напади со беспилотни летала врз украинскиот град Кривиј Рог, соопшти воениот гувернер на Дњепропетровската област, Олександр Ханжа.
Погоден и најголемиот трговски центар
Во нападите биле погодени повеќе цели во градот, меѓу кои и најголемиот трговски центар во Кривиј Рог.
Родниот град на украинскиот претседател
Кривиј Рог е родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Градот се наоѓа на околу 350 километри југоисточно од главниот град Киев.
