Снимателот на ТВ 24 Иван Камчев враќајки се од денешно снимање со колега од МРТВ на патот Градско – Прилеп кај Росоман биле биле сведоци на сообраќајна несреќа.
Во обид да го документираат настанот, снимателот Камчев бил вербално, а потоа и физички нападнат при што му била оштетена опремата. Случајот е пријавен во министерството за внатрешни работи СВР Велес од каде имаме информација дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување.
Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ остро го осудува вербалниот и физички напад врз снимателот на ТВ 24 Иван Камчев. Велат дека ќе ја следат истрагата и ќе инсистираат на одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал снимателот Камчев и го спречил физички да ја изврши својата професионална работа.