61-годишна жена пријави физички напад, полицијата презема мерки

Во тетовско, 61-годишна жена вчера пријавила напад во дворот на својата куќа, соопшти СВР Тетово. Според пријавата, напаѓач била нејзината снаа, Ф.Б., која ја нападнала без претходна причина.

На местото на настанот веднаш беа преземени полициски мерки, а случајот е во фаза на целосно документирање. По завршувањето на истрагата, против сторителката ќе биде поднесен соодветен поднесок.