Напаѓаќи на мотоцикли нападнаа камп на локална милиција за самоодбрана во близина на селото Бокорат, во регионот Тахуа, изјави градоначалникот на блискиот град Тилија, Атаване Абеитане.
Судирот траел неколку часа пред нигериските безбедносни сили да пристигнат на местото на настанот.
– Тоа се терористи кои дојдоа однадвор, ги имаше многу. Меѓу загинатите има и терористи, рече Атаване.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но оваа година локален огранок на терористичката Исламска држава уби стотици луѓе во руралните заедници во близина на границата со Мали