Тој наведува дека Тарант му рекол да се жали на пресудата бидејќи смета дека тоа “казна без надеж” и дека со тоа е прекршен Законот за човекови права.
Елис за локалните медиуми изјавил дека неговиот клиент му рекол во негово име да ја признае вината поради “нехуманиот и деградирачки третман” кој го искусил во очекувањето на изрекувањето на пресудата.
На Тарант минатата година му била изречена казна доживотен затвор без можност за условна казна поради убиството на 51 лице и обид за убиство на уште 40 во напад на две џамии во Крајстчрч на 15-ти март 2019-та година.
Тоа била првата казна доживотен затвор која ја изрекло правосудството на Нов Зеланд.