Чоколадо, лук и грозје меѓу најопасните за милениците

Многу сопственици сакаат да ги почастат своите мачки со дел од својата храна, но не сите намирници се безбедни. Некои обични производи што луѓето ги консумираат може сериозно да го нарушат здравјето на мачката, предизвикувајќи од дигестивни проблеми до сериозни болести или дури смрт.

„Мачките се природно љубопитни и често пробуваат сè што ќе им се најде на дофат. Но тоа што нешто е достапно не значи дека е безбедно за нив“, предупредуваат стручњаците.

Најопасните намирници

  • Чоколадо – содржи теобромин и кофеин кои мачките ги разградуваат многу побавно од луѓето. Дури и мала количина може да предизвика повраќање, дијареја, забрзано срце, треперење и напади. Потемната чоколада е најризична.

  • Кромид и лук – можат да ги оштетат црвените крвни клетки и да предизвикаат анемија. Симптомите често се појавуваат со задоцнување.

  • Грозје и суво грозје – можат да предизвикаат акутна бубрежна слабост, дури и во мали количини.

  • Алкохол и пијалаци со кофеин – доведуваат до нарушување на дишењето, пад на телесната температура, кома и смрт.

  • Сирово тесто со квасец, сирово месо и јајца – предизвикуваат гасови, создаваат алкохол при ферментација или носат бактериски инфекции како салмонела.

  • Млечни производи – повеќето возрасни мачки не поднесуваат лактоза и можат да развијат дијареја и дигестивни проблеми.

Совети од експертите

Експертите советуваат мачките да се хранат со специјално дизајнирана храна и веднаш да се консултира ветеринар доколку постои сомнеж дека миленикот изел нешто штетно. Со правилна исхрана, мачките можат да водат долг и здрав живот.