Тројца пациенти добија нова шанса за живот, откако денеска им беше извршена трансплантација на срце и бубрези, информираше министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити.
„Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе. Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар!”, вели министерот Меџити.