Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски соопшти дека по направени контроли на над 3100 лиценци. Информираше дека се во постапка се за одземање се вкупно 479 лиценци поради неправилно работење.

Министерот ги соопшти деталите, најголем дел се од Б категорија

Кај 479 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради тоа се ќе се донесат решенија за одземање и тоа:

– 73 правни лица лиценца А за изведувач на градби од прва категорија
– 228 правни лица лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,
– 9 правни лица лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија,
– 32 правни лица лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,
– 32 правни лица лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,
– 78 правни лица лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,
– 7 правни лица лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,
– 3 правни лица лиценца А ревизија на проектна документација на градби од прва категорија,
– 2 правни лица лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,
– 2 правни лица лиценца управител на градба
– 13 правни лица лиценца за изработка на урбанистички планови.

Оваа листа ќе биде доставена до соодветните институции за понатамошно постапување

Листата со правни лица за одземање на лиценци може да ја погледнете ТУКА.

Претходно, министерот Николоски за ваквите одземања на лиценци инфомираше и на гостувањето на Сител ТВ. Повеќе може да прочитате од линкот во продолжение:

Николоски: Преку сериозна акција одземавме 427 лиценци, најголем дел се од Б категорија

Министерството направи над на на над 3100 лиценци. Вицепремиерот рече дека моментално се врши проверка на сите издадени лиценци и овластувања.

„Вкупниот број на издадени лиценци во делот на градба, проектирање, надзор, изработка на детални урбанистички планови е некаде над 3000 лиценци. Скоро сите се прегледани. До денес прегледавме 2810 лиценци, а бројката на одземени лиценци е 427. Тие се однесуваат во делот на градба, надзор, проектирање, изработка на детални урбанистички планови. Најголемата е бројката на изведувачи на градба во Б категорија, тоа е практично се што не е врвен државен објект, меѓу што и станбени згради. Таму ќе се одземат 198 лиценци. Во понеделник таа работа ќе биде завршена, а во вторник ќе имаме конкретни бројки и со име ќе ги извадиме сите носители на лиценци на сите носители на кои ќе им бидат одземени лиценците. За истото ќе го известиме надлежното обвинителство и МВР“, рече вицепремиерот Александар Николоски кој вечерва е гостин во „Тема на денот“ на Сител телевизија.