Руското напредување кон Киев останува „во основа… онаму каде што беше вчера“, според висок претставник на одбраната на САД, јави Си-Ен-Ен.

Русите не само што се соочуваат со проблеми со „гориво и одржувањето“, туку покажуваат знаци дека им снемува храна, тврди официјалниот претставник.

Официјалниот претставник наведе голем број можни причини за застојот, вклучувајќи го и украинскиот отпор.

Тој, исто така, ја наведе можноста дека Русите го паузирале своето напредување бидејќи тие би можеле да се „прегрупираат, преиспитуваат, преиспитуваат“. Си-Ен-Ен претходно јави дека САД веруваат дека Русија прибегнува кон поголема огнена моќ и поразорни системи за оружје

„Тие ќе се прегрупираат, ќе се приспособат, ќе ја променат својата тактика“, рече претставникот.