Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа. Не се амбицирам, затоа што нема општество исчистено во целост од ова зло. Но, Северна Македонија мора и тој дел да го помине за навистина да биде пример држава не само во регионот, туку и пошироко. Сега ни е шансата за тоа, сега ни е фокусот таму, сега и нашите пријатели се фокусирани во тој дел, ајде да се здружиме сите и да кажеме стоп на корупцијата.
Ова е повикот од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешниот брифинг со новинарите, кои прашуваа на повеќе теми, но главно во фокусот беа прашањата за борбата против корупцијата.