Нарко-босот Вукотиќ, кој од МВР на Спасовски доби македонски пасош во Драчево (на име Георги Андонов), денес е убиен во Истанбул.

Водачот на шкаљарскиот клан, Јован Вукотиќ е убиен во Истанбул, објави „Vijesti”  и додава дека Вукотиќ бил во бегство, а црногорските правосудни органи распишале потерница пред една година.

Вукотиќ во Турција е уапсен во септември 2018. година кога и беше испорачан на Србија, каде доби казна од 15 месеци затвор поради користење на фалсификуван македонски пасош со негова слика.