Имено, Народниот правобранител, соопштија од неговата канцеларија, како национална институција за човекови права постојано го следи постапувањето со мигрантите и бегалците на територијата на Република Македонија и во повеќе наврати укажува на предизвиците со кои се соочуваат овие лица во пристапот до здравствените услуги и образованието за нивните деца.

-Глобалната пандемија со Ковид-19 уште еднаш ни покажа дека никој не може сам и дека е неопходно да бидеме заедно во решавање на сите потешкотии што ни ги носи денешницата. Па така, имајќи предвид дека инклузивноста е еден од клучните столбови на кои се потпира принципот на солидарност, а на чија идеја почива и самата конвенција на Обединетите нации за статусот на бегалците, Народниот правобранител по повод овогодинешниот Ден на бегалците упатува препорака до властите за целосно почитување на правата на овие лица и креирање политики што ќе придонесат за целосно интегрирање во заедницата, зачувувајќи го нивното достоинство и враќајќи им го чувството на безбедност и сигурност, стои во соопштението.