На новинарско прашање денеска од сите институции од чија работа не е задоволен, а кои писмено ќе ги „пријави” првин во Владата, го издвои Парламентот, кој го избра него.

– Како што знаете Механизмот за граѓанска контрола не профункционира. Луѓето си дадоа оставки, се повлекоа. Јас поднесов барање до Собранието да распише нов оглас и не сум известен до каде е таа работа. Моја надлежност е да го ставам тој Механизам во функција, за што има голема заинтересираност, како од невладините организации, така и од амбасадите во Република Северна Македонија. Вие гледате пред некој ден дури го поминаа едвај извештајот за 2019 година, а овој Извештај за работата на Омбудсманот за 2020 година што го презентирам денес пред вас медиумите, којзнае кога ќе дојде на дневен ред во Собранието, критикуваше Зибери.