Достапни се телефонски и физички канцеларии за граѓаните
На денот на првиот круг од Локалните избори, од 7:00 до 19:00 часот, Народниот правобранител обезбедува бесплатна телефонска линија 0800-54321. На неа граѓаните можат да пријават било каква повреда на своето избирачко право.
Покрај оваа централизирана линија, пријави можат да се поднесат и лично во седумте канцеларии на Народниот правобранител, сместени во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип. За дополнителна поддршка, граѓаните можат да контактираат и на следните локални броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329-996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.
Заштита на избирачките права и апел до учесниците
Народниот правобранител ќе ги штити правата на граѓаните со преземање итни мерки за ефективно постапување од надлежните органи во изборниот процес и други институции задолжени за заштита на загарантираните права.
Притоа, се потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано како општо, еднакво и непосредно, со тајно гласање, и никој не смее да биде повикан на одговорност заради негово остварување. Повредата на слободата на определување и другите повреди на избирачкото право се казниви дела според законот.
Народниот правобранител апелира до сите учесници во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи и правилата утврдени за гласањето.