Изборниот молк и регистрирани прекршувања
Во периодот на предизборниот молк, од 01.11.2025 до 07:00 часот на 02.11.2025, до отворање на избирачките места, се регистрирани 10 пријави за нарушување на изборниот молк. По три пријави се поднесени на подрачје на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип, и по една на подрачје на СВР Тетово и СВР Битола.
По преземени мерки, шест од овие пријави не се потврдиле.
Социјални мрежи и партиски активности
Дополнително, се забележани 19 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк, кои содржат повици за гласање за одредени кандидати. Исто така, биле објавени видеа и слики од активности во партиски штабови.
Инциденти при гласањето
На 01.11.2025, во основното училиште „26 Јули“ во општина Шуто Оризари, регистриран е настан за фотографирање со гласачки ливчиња, при што едно лице било приведено и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На сите подрачја гласањето на болни и изнемоштени лица, како и гласањето на затвореници, се одвивало без нарушувања.
