Нашата цел е и ставање ред во здравството и ефикасни услуги достапни за граѓаните. Како и што ветивме ги укинавме нефункционалните економски директори во јавните здравствени установи, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски, на отчетот од една година Влада.
Тој изјави дека се отвори постапка за вработување на 600 млади специјализанти во здравството, дека е зголемен капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози. Обезбеден е раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи, а направено е и проширување на позитивната листа на лекови со 9 нови генерики на лекови. Реновирани се, истакна Мицкоски, повеќе од 10 здравствени објекти и клиники инабавена е современа медицинска опрема од неколку милиони евра.
Низа мерки во делот на животна средина
Изработивме планска програма за почист воздух 2025 -2030 за долгорочни мерки и решенија каде се опфатени сите важни аспекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и постои системски приод што гарантира резултати на краток, среден и долг рок. Одобрени се 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина.Обезбедивме 10 милиони евра за замена на системи за греење со еколошки во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, изјави Мицкоски.
Се работи на подобрување на водната инфраструктура на општините преку 50 милиони евра
Обезбедивме 55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи за управување со цврст отпад во пет региони со изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер-станции и центри за рециклирање, изјави Мицкоски.
Преку министерството за Локална самоуправа се отпочна со најголемиот капитален проект за капитални градби по општините.
-288 одобрени проекти за општините од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика
-Огромен интерес на вториот јавен повик – 887 проекти во 80 општини се во фаза на евалуација
-129 реализирани проекти за рамномерен регионален развој на Македонија, потенцираше Премиерот.