По преземањето на „Охрид Мол“ од страна на новиот сопственик FORTON, нашиот туристички бисер Охрид и регионот за прв пат ќе добијат современ шопинг центар. Според наши информации, наскоро се планира отворањето на овој значаен проект за градот, пренесува Ohridnews.

Во моментот интензивно и со полна пареа се работи на уредување на внатрешноста на објектот, за што се ангажирани голем број на екипи. Покрај активностите на терен, паралелно се преговара и со потенцијалните закупци и брендови кои во добар дел ќе бидат интернационални и за прв пат присутни во Охридскиот Регион.

Лоциран на одлична позиција и доста фреквентна локација во непосредна близина на автобуската станица, Охрид Мол ќе располага со 17.000 м2.

асега имињата на потенцијалните закупци не се откривааат, но според наши информации Охриѓани и сите посетители на градот за прв пат ќе имаат можност да уживаат во единствено шопинг искуство – и тоа не само за време на летната сезона во која градот има огромна посетеност, туку и преку целата година, со обезбедени услуви за комфорно и пријатно искуство.

Трговскиот центар ќе има хипермаркет, игротека за деца, како и бројни продавници за облека.