Социјалистичката партија на Македонија ги оценува настапите на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во тековната кампања како зајадливи, некреативни и несоодветни.
Наместо да нуди програми и правци за развој на државата, велат од партијата, Пендаровски си дебатира за маргинални нешта сведени на обични малограѓански теми.
Сè друго кај него е да се каже нешто и да се остане на слоганот „како до сега“ зошто инвентивноста е загубена и нема нови понуди. Оттаму кавадаречкото оро претставува врв во неговата немоќ да се обрати на граѓаните со дилжна сериозност и почит. Немањето на капацитет и иницијативност го прави Пендаровски подреден под желбите за крадење и корупција на СДС, неговиот ментор, кои дури не го кријат тоа, а бараат мандат од граѓаните. Во односите со други држави тој ја покажува својата подреденост и со тоа ги намалува можностите на Македонија ја меѓународна афирмација и евроинтеграција, велат од СПМ.
Од СПМ потенцираат дека наместо фер плеј и почитување во меѓусебниот натпревар на кандидатите за претседател, Пендаровски го спушта нивото на дебата и со тоа ги покажува манирите кои не треба да ги има еден претседател.
Социјалистичката партија на Македонија укажува дека непочитувањето на другите, незнаењето и менување на ставовите го прави Пендаровски несоодветен за функцијата и улогата што ја бара.
Затоа СПМ истакнува дека треба да се избере кандидатката на Коалицијата „Твоја Македонија“ проф. д-р Горана Силјановска Давкова која единствено има капацитет и знаење за успешен претседател на Македонија, реагираат од СПМ.